и (сврз.) - плус (сврз.)

Паралелно со оваа опишана тужба, Божиновски, како што веќе беше споменато – по отказот, добиен во јуни 2005 – преку истиот адвокат, поднесува и нова [втора] тужба, но сега по други две основи: – прво, неисплатен регрес за годишен одмор (К-15) – за овој прв основ интересно е тоа што, за време на судската постапка, работодавачот ја криеше завршната сметка за претходната година и лажно изјавуваше пред судот дека, поради наводна загуба во работењето, на никому во фирмата не бил исплатен ваков регрес. – второ, недоисплатени плати како испратнина/отпремнина, по основ на прогласување за „технолошки вишок“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога фура метафизика Маргиналецот секогаш во прв план го потстава дублерот и плус ги зајакнува експресивните средства (прашалници, извичници, болд-букви), ко индијанец што брише трага (само шерифот Дерида лови такви итри типови!)), финта што не успеа да ја провали ни манијакалниот писател Џ. Николсон во филмот на Кјубрик... • Боа Во(н) Гора (другар на Абов Горан) okno.mk | Margina #1 [1994]
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По скромната Темплум- книгичка (пет антологиски раскази, но само пет...), „Маргина“ го објавува едниот од, според многумина, најубавите раскази на Кортасар, „Ракопис пронајден во џебот“, и плус неколку куси прозни цртички, за кои Кортасар беше мајстор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овој втор основ на тужбеното барање го темели врз правото стекнато преку Колективниот договор во кој се вели дека работникот има право на отпремнина од 12 месечни плати, иако според Законот му 266 следува минимум осум плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)