и (сврз.) - на (чест.)

Одреден дел на неразбирливост на говорот и на постапките на шизофреничарот ќе ни бидат поразбирливи ако се потсетиме дека во него постои примарен расцеп уште од шизоидната состојба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Париз градот на романтиката, на шансоните, на шармот... и на сѐ уште што не стана моја реалност.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)