Уште веднаш ќе откријам, иако предвреме, дека вечерта, кога низ затворената врата од вториот кат на "мојата" соба го слушнав гласното ’рчење на тетин ми, до некоја мера сфатив зошто спиечкиот распоред е таков каков што беше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Бидејќи тетка Марија ме немаше видено никогаш во животот, веднаш почна да ме распрашува за мајка ми, татко ми, сестра ми, како и за членовите на семејството од страната на татко ми, кои никогаш не ги сретнала, но чии имиња, како по некое чудо, ги знаеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)