иако (сврз.) - ќе (чест.)

- Будала – и висттински слушав како од далеку ме исмејуваше Дуда – не само што зборуваш од инает туку и она што го правиш го правиш од тој проклет инает. Затоа си овде, на буништево!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Низ проѕирниот мрак, ако се сака, може да се насети дека младичот наминува → ПИСМО Драги наш сине, Се надевам дека вака обемното писмо пријатно ќе те изненади, иако ќе бев многу порадосна да го прославиме роденденот заедно со тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Онаа, кога ме поучуваа дека е доволно да се родиш со касмет па иако ќе те фрлат на буниште!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За човечките суштества Јас е секогаш Јас, и Јас не може да биде Ти, и Ти не може да биде Јас; и ветерот секогаш ќе биде нешто друго, иако ќе минува покрај мене, иако понекогаш, заради неговата силина, ќе ми се чини дека ми се вовира во коските, ветерот ќе остане ветер, а Јас ќе бидам Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па, така, нема да можам да ја објаснам машката геј- фасцинација со сите културни облици што ги набројав – со холивудската кинематографија, со бродвејскиот мјузикл, со великата опера, со класичната и со популарната музика, со стилот и со модата, со внатрешното уредување и со архитектурата – иако ќе ги начнувам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)