Низ оној прозорец што е свртен кон исток, го гледа брегот и неговото зеленило од разни дрвја: бор, костен, даб, јавор, багрем, липа, леска, евла, како и по некоја питома или дива слива, круша, црешна, кои никнале сами преку семките донесени од ветрот или птиците.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Само ретки зелени панделки, на прилично растојание една од друга, рамно од сртовите, од под некое осамено дрво, оскруша, глог или дива роза, се протегаат прудолу по падините, а тоа е знак дека тука протекува вода, чија, пак, глава, како што е вообичаено да се рече овдека за изворот, се најдува горе, на сртот, под дрво.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)