одошто (сврз.) - јас (зам.)

Дури повеќе одошто јас ја сакам неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Најдобро ќе беше мене уште по првата ноќ свекрва ми и свекорот назад дома да ме вратеа, наопаку качена на стара магарица, одошто јас сега по толку години на моите, на пуста ми мајка и пусти ми татко, дома да им се вратам избркана.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се плашеше да не се пресегне да подаде парче за сантиметар подолго одошто јас му барав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ГАВРИЛ: Ти сепак ме мразиш повеќе одошто јас тебе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Вие имате изедено повеќе шеќер одошто јас леб.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Ти, земјо, подобро ќе ја чуваш одошто јас - некадарница...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)