Девојчето, сонливо, ги поразмавта рачињата кога му светнаа разни бои пред очичките и почна да гуга, небарем ја прашаше мајка си за кого се овие разни предена: Доста ги „слушна" тие прашања и ги „разбра", та почна да и одговара: — За тебе, дусо, за тебе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше тргнал сношти повеќе од пагурчето по случај успешно свршената работа, та почна да се жали дека нешто глава го боли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста се понамршти малку, ѝ беше незгодно да рече „не знам"; да рече „знам“, — дали ќе ја услагоди некоја работа ако ѝ даде Митра, та почна да ги собира рамената.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но со лебот требаше и нешто друго. A затоа тука беа двассеттината кокошки за прва потреба, па после ќе дојдат на редот овците, козите, кравите, воловите, та не ќе куртулат ни магарињата кога ќе се свршат копитарите со расцепени копита.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Паднаа Мирче и Куле, а Андон ја доварди некако главата, но се загрижи кога виде дека и тој може да настрада, та почне да му советува на Толета да се истават за извесно време додека се позаборават нивните дела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но на еден два метра лево, косата пак закачи и Сиве веќе си мислеше дека и друг костур ќе најде, та почна да тегне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жалам како ќе оставам тебе друг да гледат, друг да галит, — рече тажно Адем и се изгуби во пијанството, та почна да 'рка на миндерлакот, а Катето се искуба полека — полека од неговите канџи и напрсти, назаднички, излезе од одајата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе те прашам, бабо".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ние сме со Никола Карев, — одговорија двајца.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се слекоа по кошули и се грабнаа да се борат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги растоварија раниците, го распалија огнот и прва грижа им беше да се најадат, та почнаа да претураат по куќата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Катето служи, бегот пие, оканицата се испразни; по неа и друга дури бегот не се пресели во рајот, та почна да си игра со Катето како што му заповеда коранот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Косата се забола во еден кожен тагарџик полн со нешто.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се борат и валкаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најдо ги ококори очите и ги рашири носните дупки, та почна брзо да дише.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Стремејќи се кон достигнување на лажната сигурност која ја даваат парите и имотот, човек секогаш заборава на суштинската грижа што мора да ѝ ја посвети на својата бесмртна душа, та почнува да се грижи за заработката, за покривот, за козите...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Турците го забележале од Липовец, та почнале да фрлаат со пушките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ајша бргу отрча до вратата и се врати со еден бел ѓум вода, та почна да го полева кадијата по главата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Децата со солзи в очи ги стискаа ѓевреците во рацете и се посмирија, та почнаа и да грицкаат од нив.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Големиот оган направи голем куп жар, и, штотуку падна дебелиот мрак и убаво се затемни, дувна еден силен ветар, та почна да го разнесува наоколу.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Вода за миење немаше од каде да дојде, та почнаа децата да лижат брашно и да зобаат неварена пченица.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)