Прво би почнал да паѓа покривот врз таванот, таванот врз душемето, душемето врз тлото и потем сѐ ќе се урмелиса надолу во бескрајната сина длабочина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Убеден сум дека народот би почнал да се тепа за да купи од весниците, а досадата би станала најбарана работа на светов.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тој отпрвин можеше да гледа со недоверба и на Задругата, како што би гледал и на сѐ друго, што би почнал да го прави оној.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И ништо не би почнале кога би знаеле дека лошо ќе заврши, рече.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога луѓето би почнале да се разбираат, многу институции и прагми ќе заминат во историјата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)