дури (чест.) - и (сврз.)

Па дури и Илко Сукалов, излегувајќи од вигната на Прцуна, застана да слушне за последен пат турска лакрдија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се колат брави, овци, јагниња, па некаде дури и крави, волови и се спремаат манџите за утрото, да бидат готови, оти тогаш ќе се стои од други поважни работи — пречекај испрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Едни мои пријатели кои редовно практицираа бајачки мисионери слушнале за него дека бил многу подобар од кецот и дека бил толку способен што разговарал дури и со Господ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со оглед на тоа што Ратка беше физички надмоќна Трпе стана дури и жртва на семејно насилство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И попусто. Спанкото не ќе го разбуди ни Парагвај, ни Уругвај, ни Куба - дури и заедно со Мексико и Чиле да дуваат во најголема труба.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тргнавме а бришачите не можеа да го исчистат дури и снегот од шофершајбната.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Те видов како израсна од мојот поглед како искра што сето небо го пали дури и зборот ти станува недосеглив ни мислата во подадената рака во далечина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Маќеата дури и ја викна до бањата за да ѝ покаже каде стојат хигиенските влошки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Побелен, со бледило дури и во очите, се зачуди кога деденцето Богдан Јанков, негов пријател и во негови стари панталони со многу џебови, викна по него од прозорецот на својата куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакав дури и да ја погалам по косата, ама толку многу се растреперив, толку почна силно да ми чука срцето, толку се збунив, што го згрешив и текстот од песната што ја вежбавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Види, види - избувна Јана - уште малку па да нè убедиш дека времето е истовремено и злосторник, и спасител па дури и утешител!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ние ти доаѓаме нешто како калфи на неговите злочести но и добри дела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога најпосле ги отфрлив алузиите што сакаше да ми ги припише нивната задоволна смеа, им објаснив дека моето интересирање по однос на облеката е упатено на можно откривање на некоја нивна особина која би се изразила дури и во тоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Особено кон јаричките, кои, нагло почнаа да се иселуваат во туѓи кокошарници во соседството, та дури и во Америка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја негував! – И сега си решила да ја продадеш? – Дури и за вреќа брашно! Децата легнуваат гладни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)