и (чест.) - кој (зам.)

И кој направи, и кој направи човек на човека роб!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И кој раздвои, и кој раздвои човек од човек со ѕид?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таа е причинета од невробиолошките процеси и е исто толку дел од биолошкиот поредок, како и која и да е друга биолошка одлика, како што се фотосинтезата, варењето или митозата” (стр. 90).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тогаш се знаеше и кој кај ќе седне на трпезата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прашање е значи сега како да обучиме друг орган За дружење со светлината А и која е азбуката на изнудениот говор на мракот Кој стрпливо во ќушето на животот чека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А и кој би живеел денес во Европа?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега, куќата долу беше исто толку далечна како и кој и да е ден од минатото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луѓето ништо не му велат. А и кој може да го одврати Давидета Недолетниот. Замаен ум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кучињата се како луѓето, па и тие сакааат да прашаат: што им стана на луѓево, пред олкаво сонце да палат оган? А и кој не ќе се праша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)