и (чест.) - камен (имн.)

Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И каменот оживува на жешко време, вели, само тревата се суши, друго сѐ оживува на горештина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тој миг и каменот се покрил со лилави сенки на соништа, под чија топлина луѓето пееле здружено восхитувајќи се од решителноста на жените - добро е, од такви мајки се раѓаат јуначиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму и камењата ме познаваат, што се вели, и тревите ми се пријателки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Несвесно продолжив да чекам кон забелот што се исправаше како од бескрајна темна лочка, чиниш крепост е што чува некоја тајна - ќе се добереш до неа и ќе си ја догледаш судбината до својот суден ден, дури и подалеку, судбината на она што си видел и што си сретнал, на она што ќе остане по тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А артилеријата само копачи, што се вели, прскаат и земја и камења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)