Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И планината ’рѓосува. И небото ’рѓосува и рабовите полека се бришат, се мешаат со ’рѓата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Врне, се збунил некој. - Да си поседиме суви под двоколкиве, лошо кашлам. Ќе одиме подоцна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сета земја ја зафатија војници, вели, дури и за пчелите нема место. И полето е со војска и планините се со војска, вели. 142
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Им се сторило дека и планините се издишиле со олеснување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја видов и планината; и ливадата на која растеше чајот ја видов; ги видов и капките роса што стоеја на цветовите; и девојката со селско руменило на образите – ја видов како ги бере китките чај; се заљубив во неа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Голи биле ритчињата, можеле да се доголат и планините - утре ни беговите не ќе најдат дрво да обесат осуденик, ни копуците ќе најдат гранка да му го скршат вратот на бегот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)