Попот ги сврши молитвите пред олтарот, Кушо ги дочита утрените псалми, попот ја кади црквата, Кушо отпева, и веќе почнаа и селани да идат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така ги мачеше. А ги мачеше и селаните што не купиле пушка. Ги тепаше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А и селаните, кога ќе те видат со преврзано око и со пушка, ќе извадат од некоја дупка своја абердарка и ќе те спобркаат уште пред да им влезеш в село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Пушка имам, не се плашам дури и сам да сум. - Пушката ќе ја оставиш, го пресекол Онисифор Проказник. - Ќе ве сретнат, ќе се посомневаат на вас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Друго чаре нема, — му даде Бахтијар инструкции на бимбашијата и го испрати некаде околу Петровден да го брка Толета по Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И тој го знае и селото и селаните на прсти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете, мудурот пишува дека и селаните од него почнале да пиштат. Толку поарно за нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)