не (чест.) - врви (гл.)

Таа моментално истрпна и се уплаши да не врви некој по улицата да ја види, но во мракот и да врвеше некој, немаше да познае дали е таа или мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Над секое село има чумини гробишта каде што луѓето и денеска не врват од страв крај нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нашиот календар не врви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае овдека од кога не поминал човек. ,А кај што не врви човек, не стои ни животно", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеш со нив, ако ти се посака, да го плашиш Методија или Ивана, да изигруваш пред Младичот дека си член на Централниот комитет или човек од самите врвови на организацијата, но не заборавај, ти се молам, дека сите тие фасони, кај мене, не врват.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- На кого да лае, сине, му велам, на што да лае, кога ништо не врви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ноќта е век, само стои, не врви. Уплашена година. Така ме темне, ме дени. Сама.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, времето не врви само кога имаш мака. Кога ќе ти позацелат болите. И тоа е јуда. Ти бега како вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)