не (чест.) - проговори (гл.)

Ја следеше нерешително еден дел од патот, половина чекор зад неа. Не проговорија повторно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од тага се смали, поцрне, ко вода испари, прашина се стори. Петре од тој ден збор не проговори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако бидам жив во животов, сакам да одам да ѝ кажам еден збор, оти тогаш, кога ја испратив кај Црноеч, се збркав и не проговорив како човек.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
– „Море што не проговориш, бре Силјане, да речеш добровечер, му рекол мажот, или помози Бог?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Третата ноќ преспа крај нивниот огон. Виде дека никој не мисли да го гони, но ни таа вечер, ни утредента, никој не проговори ни збор со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со Змејка ниеднаш не проговорија. Ни тој ниеднаш не успеа сосема да ги заборави нив двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, откако беше сместена во таа соба пред неколку месеци, не проговори ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој не се помрдна и не проговори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Авдотја Игнатјевна“, проговори чиновникот, „Причекајте малку, новите ќе проговорат“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„А што, зарем уште не проговорија?“, праша неговото превосходство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)