не (чест.) - распознава (гл.)

Ве гледам, а не знам кои сте. Никого веќе не распознавам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што признава оваа непрепознатлива пештера со подземни сонца, Овие пеперутки веќе што не распознаваат светлина, Што сака да каже мирисот на ова осамено стебло што гние?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Петте гуски, не распознавав веќе која е мајката, а кои децата, луто загракаа и почнаа кавгаџиски да ги издолжуваат шиите штом натрапникот се наближи до нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А бабичката пелтечи, не распознавајќи веќе ништо низ влагата на топлите солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)