не (чест.) - скокне (гл.)

Не можеше да влезе во колибата, или да излезе, а да не скокне и макар еднаш, двапати да се крене на раце и да се спушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По навика погледна во гредата над вратата, ги крена рацете, но не скокна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ибн Бајко, небаре таен конец го влече, куц-куц, стрча да види што е таа работа со жената: не скокнала таа, белки, векови за да не донесе некој абер.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако не скокнев над мојот другар да го засолнам кога падна гранатата во ровот, немаше да ослепам...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ПАНДЕ: Така е, сето тоа што го зборуваш е убаво, само, една наша стара поговорка вели: „Додека не скокнеш не вели — оппа!“
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прво Танаско и Пена рекоа дека кога се тука не ќе е добро да не скокнат до кај Митра и Чана да виделе дали Дончето стигнал до небото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама она му ги слуша неизговорените зборови, ти се колнам, оти пред малку, додека таа го спомена името Дончо тој прекорно заврте со главата, а кога слушна дека не се во исто одделение само што не скокна од радост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)