не (чест.) - соодветствува (гл.)

Тука, мора да констатираме, дека сиве овие години законодавецот никако да воспостави некоја разумна мера во казнувањето – па, така, или казните се преблаги или, пак, спротивно – тие се престроги и не соодветствуваат на реалноста, особено кај т.н. „микро, мали или семејни бизниси“, којшто, како трговци-поединци, за своите обврски одговараат неограничено т.е. со сиот свој имот; а предвидените казни не кореспондираат ниту на целта на казнувањето – т.н. генерална и специјална превенција; •  воведена е една нова група од шест т.н. „полесни прекршоци“ за кои се изрекува т.н. мандатна казна, на самото место, која ја наплатува самиот трудов инспектор – а којашто изнесува 10.000 ден. за работодавачот и 5.000 ден. за одговорното лице (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го знаев тоа, и самиот сум го осетил, дека онаа светлина и свечена големина и раскош на сликите што се запаметиле од детството или од младоста, не соодветствува на стварноста во која сѐ е со неизбежната и единствената можна мерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, исказот „Цут рози во се црвени и пролет” е бесмислен во рамките на логичките правила (граматика) на обичниот македонски јазик затоа што не соодветствува на каква и да било состојба што може да се набљудува во реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)