не (чест.) - бре (изв.)

Ами... да направиме некако како чини и за вас, ама и за селото...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бре, бег, не. Никаков будала, никакво маслосуање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Михајло Горачинов? — Не бре, велам, Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Чекај, Андреја! Не бре брате! Човекот е одамна нашеран во умот, скаран со ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе помолчиме ние и пак ќе се спречкаме: — Ќе нѐ стават на ортома... — Не бре, ќе нѐ пукаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнувам и земам еден билтен да читам, ама, не бре, умот ми оди само таму кај што боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не бре, вели Мисајле Ковачот, тие не одбирале села. Тие секаде влегувале, вели и земале сѐ што ќе најдат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не бре, велам јас, да ги исправам еднаш децата на нозе, па после...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не бре, за тоа, вели туку дека ми зборуваш ко нашинец. Како човек од нашине села, вели. 103
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Бре? - Бре, не бре, вели, толку знам, толку ти кажувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)