нека (чест.) - јаде (гл.)

А Јошето одговараше со остер глас: — Нека ораат чорбаџиите, нека јадат чорбаџиите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Изгладнело детето, нека јаде.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите — опинците.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А чорбаџиите, големите, нека јадат големи работи, крмаци, волови, биволи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Туку еве лепче, сиренце, па нека јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Добро, овој пример не ми е баш најдобар, оти на Тета од јадење никогаш не ѝ е доста, па макар и нека е постојано исто, ако ѝ се допаѓа нејзе ѝ се допаѓа секогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ајде нека јаде тетка ми се едно исто јаденје, да ја видам дали не ќе и се смачи?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добро, нека јадат, не ми беше за храната, сите крадеа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)