Небеска може и без вода, беше рекле, ако треба може и без дишење, беше ми ти рекле.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нели ти реков дека Рајна се пофали, кога дојде да ме замоли да ѝ помогнам да се сретне со Анатолиј, оти на серенадата што ѝ ја приредиле некоја вечер пред да ме посети, била испеана и познатата песна за Рајна Бурева но без прекарот на Бурева туку со името и презимето на наша Рајна Коцева!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И после пак ќе почне да се искачува и од златна лажица ќе срка, беше ми ти рекол.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)