ќе (чест.) - важи (гл.)

Ова би значело дека работниците нема да ги уживаат правата од Законот за работни односи (платен годишен одмор, платено боледување, синдикално организирање и сл.) туку за нив ќе важи Законот за облигациони односи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За нашата сегашност, а и за нашата иднина ќе важи следново: човек мора да обрне внимание на контекстите, на преместувањата и придвижувањата за да може да ја осознае играта на смислата и за во неа да може да учествува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Знам, тој соновник ќе се однесува само на неа и ќе важи само за нејзините соништа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од книга во книга, вие на еден мошне посебен начин ги претставувате настаните и навраќањата кон нив што придонесува трите книги меѓусебно да се дополнуваат и дообјаснуваат, а верувам дека истото ќе важи и за следните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со еден исклучок, имено дека и за нив ќе важи одредбата од законот која ја регулира платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата (чл. 1, ЗИППРМ/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)