ќе (чест.) - извика (гл.)

Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Земјата има големо сеќавање и не случајно и Хлебников ќе извика за руската и македонската патека на светот кон Исток. Ad patres, значи, ad patres, зашто кај и би нè познал без историските лузни на нас што ги носиме?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
По извесно време, откако ќе направи неколку круга со јазикот избразден од неизречени пцости и клетви по усната празнина ќе извика: - Леле, се сеќавам, ама тој датум го нема во мојот календар. Ќе сакате ли да ми го дадете?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе извика парола, велам и сум ја фатила вака за рамена, ја туркам и викам: женава е трудна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
АЈС! - ... „Има мали ледени волови со вградени микрофони; кога детенцето - макетонец ќе извика „Ајс!“, воловите извикуваат „МУ!“ и почнуваат да се топат.“ „Личи на зен...“, му рекол Јан Ван Ајк на својот имењак по прекар, Ајк, Ајзенхауер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Денес ти ѝ судиш на мојата љубомора ќе извикав изнервиран, а вчера ми приговори дека сум ја посетил распуштеницата Лила, пријателката на Дуња и тоа во ситните часови? Зарем тоа не беше љубомора?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заминувајќи речиси доброволно од власта (се откажа од своите советници и голем дел на нацијата), свесен и за тежините на немоќта, во патетичен и меланхоличен излив, ќе извика: Староста, каков бродолом! (La Vieillesse quelle naufrage!).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)