Ми се чинеше во тој момент дека од тоа што тој ќе изусти зависеше, се решаваше нашата судбина, мојата, на Ели и неговата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И слушаш некој малку погласно ќе изусти – ете отиде уште еден од нашата чета, нашиот баталјон, нашата бригада.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Земјата над нас На сестра ми Маса Далеку еден од друг, долго низ ноќта стоиме со кренати слушалки И само од време на време секој од нас ќе изусти по едно ало а потоа одново молчиме, здивот едниот на другиот си го слушаме.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)