ќе (чест.) - купи (гл.)

Гоце го покани човекот во канцеларијата, која му беше во исто време и соба за спиење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јас сум „кираџијата“ - се претстави човекот. - Наминав наваму! Ќе купам кочански ориз.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Уште утре ќе купиме куче и потоа нема да имаме потреба од преговарање дали сакаме да шетаме во паркот, секогаш ќе мора да шетаме, ќе мора него да го шетаме, шетањето ќе стане нужност. (Кога не му паѓа на памет да шетаме дете - ќе шетаме куче).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Е, сиот си мозок!“ подбивно рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Татко ми купи! Да не мислиш - татко ти ќе купи! Со кои вошки ќе купи!?“ Тоа многу ме навреди. Ми се стемни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, јас немав намера да излегувам надвор, освен по сексуални потреби и храна: ќе купев нешто за јадење, ќе се најдев со некоја проститутка, и потем се враќав дома, под малото небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ПАНДЕ: Што ќе купи, дуќаните затворени. Ти заборави дека денеска е недела?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Со мангариве, ќе купам куќа и ќе ве пуштам да спиете сите во неа, дуваше Пенчо во стаклото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пари ќе дадат, душа ќе купат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сега ќе купиме бонбони,“ - рече Благица. „Ако сакаш од тие шаренки, како гравчиња“ - рече братчето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Коа чула кучката снаа тие зборои од мажа је, тага је паднала на срце дека мажот је ништо не је рече на сестра си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ако, жено, 'и заклала сестра ми волоите, други волоји ќе купам, уште поубаи и поарни, ама сестра не можи друга да најдам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе купи и други убави отпадоци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Е, море, ќе купа, сестро, ќе купа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тода оддалеку подвикна: — А, а! Ќе купиш смокви, Крле, ќе купиш, ќе купиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
A кога ќе купи за новата невеста, ќе купи и за старата, за ќерки му што се одамна мажени, па и за бабата, и сама да се позачешлува, да не чека само на невестите итн. итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема што да продаваат, освен што ќе купуваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ајде!“ рече. „Ќе купиме облека што се фрла по првата употреба и ќе ја запалиме штом ќе се извалка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нешто што ќе купува чевли и ќе пие вода и еден ден можеби ќе се венча и ќе чини повеќе зло на светот отколку што досега е воопшто сторено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еднаш ова ѝ го кажав на мајка ми и таа ме посоветува и јас истото да го кажувам отсега натаму, кога ќе си купам нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ај, испржи компири? Ако нема, јас ќе купам, за секој случај. Чао!“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Секојпат кога ќе купеше сладолед, смоки или чипс истото ми го правеше: Сакаш? Нејќеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нему раката му се лепи за туѓото, ама нему хоби му е алашверишот – и ќе украде и ќе купи само и само да препродаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)