Тој с уште ништо не рече, а неговиот пријател нестрпливо продолжи: - Ми ветија, од Медицински гласник, на лекарското здружение, дека ќе воведат нова рубрика за историјата на медицината и, во секој број, ќе објавуваат по еден текст за лековитите билки.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но Бугарите не се од таа категорија: тие ќе објават војна само тогаш ако има некоја држава што да им ги обезбеди плодовите од војната.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најпосле Партијата можеби ќе објави дека два и два се пет и ти ќе мора да веруваш во тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И самиот Климент Камилски, откако излезе од Голи Оток, трошен и скршен, само една година потоа, во едно месечно списание, во текот на цела една година ќе објавува статии, прикази на книги поврзани со левата идеологија на Запад, за Октомвриската револуција, за напредните советски писатели.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ми ветија од Медицинскиот гласник на лекарското здружение дека ќе воведат нова рубрика од историјата на медицината и во секој број ќе објавуваат по еден прилог.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Наскоро „Темплум“ ќе објави РУСКА ПРОЗА една антологија на Руската „алтернативна“ проза, во која ќе бидат застапени 14, главно „АЛТЕРНАТИВНА“ помлади автори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Превод: Трајче Панковски извор за текстовите за психотерапија: Therapeutic Conversations, ed. by Stephen Gilligan & Reese Price, W. W. Norton & Company, New York, 1993. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 65
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Гијом Аполинер ќе објавува во списанието на својот албански пријател.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога ќе дојдеш, со мураќип ќе ја типосаме таа работа, а тељаљот ќе објави низ народот. Голем џумбус ќе направиме!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас ѝ ветив дека ќе објавиме книга. Ние двете заедно.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А ќе објават: исчезнатиот го смисли овој трик за да ја исмее вистината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)