abstraction - онтологија

апстрактност повеќе

(едн.) апстрактноста
Вид збор: Именка, женски род
Воопштување на конкретни поими.
Употреба: Филозофија
Примери:
Апстрактноста на неговото излагање доведе до недоразбирања.

апстракција повеќе

мн. апстракции
Вид збор: Именка, женски род
Изделување на особини на предмети и појави со цел да се најде заедничкото, општото, суштественото.
Албански: abstraksion
Нешто замислено, нестварно, што не постои.
Албански: diçka e pa menduar

апстрахираност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Исклученост, издвоеност од определена целина.
Примери:
Апстрахираноста на субјективното изнесување ја зголемува вредноста на делото.