almanac - онтологија

алманах повеќе

мн. алманаси
Вид збор: Именка, машки род
годишник
Албански: almanak
Примери:
Во Битола циркулираше некој примерок под наслов „Алманах 1932“.
Поголема повремена публикација.
Албански: almanak
Употреба: Литература
Примери:
Во книжевниот алманах „Бисер“ се објавени две народни приказни од К. Миладинов.

календар повеќе

мн. календари
Вид збор: Именка, машки род
Годишна публикација со податоци за тековната календарска година со информативен, поучен или забавен карактер, со различна намена.
Албански: almanak, kalendar
Примери:
земјоделски календар