календар
мн. календари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6985
1.
Систем од правила за сметање на времето, за делење на времето на временски единици (денови, недели, месеци, години); систем по кој се пресметуваат деновите и временските единици поголеми од ден.
Примери:
Грегоријански календар
Јулијански календар
2.
Книга или лист со табела во која се распоредени деновите, неделите и месеците во годината, понекогаш cо означени верски или државни празници, астрономски појави и др.
Примери:
ѕиден календар
3.
Книга, бележник со датуми што служи како потсетник за работните обврски врзани со рок.
Англиски:
appointments book
Албански:
kalendar
Слично со:
роковник (м.)
4.
Годишна публикација со податоци за тековната календарска година со информативен, поучен или забавен карактер, со различна намена.
Англиски:
almanac
Албански:
almanak, kalendar
земјоделски календар
иселенички календар
Слично со:
алманах (м.)
Изрази
Стар (православен) календар - јулијански календар (според Јулиј Цезар), кој во однос на грегоријанскиот, сега заостанува 13 дена.
Нов (католички) календар - грегоријански календар (според папата Грегориј XIII по извршената реформа на јулијанскиот календар.
Црковен (верски) календар - календар cо cите црковни празници во една календарска година.
Вечен календар - календар направен за пресметување познати датуми и подвижни празници во текот на низа години, често cо претскажување одделни настани и појави и др. празноверија.
Изведенки
1.
календарче ср.
мн. календарчиња
дем.
мн. календарчиња
дем.
2.
календарски прид.
календарскиот
Пример: календарска година, календарски имиња
календарскиот
Пример: календарска година, календарски имиња