мн. баханалии
Вид збор: Именка, женски род
Повеќедневни свечености и оргии во чест на Бах, богот на виното.
Дива, развратна пијанка; бучна веселба, лумпување.
Примери:
Тоа беше младешка баханалија во чест на првата заработувачка.
Слично со:
оргија (ж.)