Историја - категорија

бабун повеќе

мн. бабуни
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во Богомилското движење.
Примери:
Нема на светов досега подруги вистини за вас и за нас освен оние во соништата на бабуните, богомилите, робјето...

баждар повеќе

мн. баждари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи во баждарница.
Англиски: customs officer Албански: oficer doganor
Примери:
Стојат по двајца баждари.
Такса за стока, обично за внесување в град на пазар.
Албански: taksë për bagëti
Примери:
Пред секој голем град земаат баждар.

баждарница повеќе

мн. баждарници
Вид збор: Именка, женски род
Јавна установа, обично поставена на влезот од градот каде што на селаните им се наплатувало.
Англиски: toll Албански: vendi për taksëpagesë
Примери:
Пред секој град постоела баждарница.

баждарџија повеќе

Види и: баждар (м.)
мн. баждарџии
Вид збор: Именка, машки род
баждар

балист повеќе

мн. балисти
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на албанска националистичка организација во Втората светска војна.
Примери:
Се стоварија илјадници Германци и балисти од Гостивар и Струга.

бан повеќе

мн
Вид збор: Именка, машки род
Самостоен или вазален владетел на држава.

банов повеќе

бановиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на бан.
Примери:
Зел банова ќерка.

бановина повеќе

мн. бановини
Вид збор: Именка, женски род
Област со која управува бан.
Англиски: shire
Примери:
Живееше во една земја, во една нејзина бановина.

бански повеќе

Види и: бан (м.)
банскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бан.
Примери:
Викна банскиот капетан.

баханалија повеќе

мн. баханалии
Вид збор: Именка, женски род
Повеќедневни свечености и оргии во чест на Бах, богот на виното.
Англиски: bacchanal Албански: aheng, orgji në emër të Bahut,

башибозук повеќе

мн. башибозуци
Вид збор: Именка, машки род
Нередовна турска војска или припадник на таква војска.
Англиски: guerrilla Турски: başıbozuk Албански: bashibozuk
Примери:
Аскерот и башибозукот го запалија целото село.

бег повеќе

мн. бегови
Вид збор: Именка, машки род
Благородничка титула, титула на феудален земјопоседник или на заповедник во Турското Царство. Кога стои со името обично се става по името.
Англиски: bey Турски: bey Албански: beg, bej
Примери:
Пред него стои бег со чалма и димискија в раце.

беглербег повеќе

мн. беглербегови
Вид збор: Именка, машки род
Врховен заповедник, воени граѓански старешина на некоја област или покраина во Турското Царство.
Турски: beylerbeyi

беглик повеќе

мн. беглици
Вид збор: Именка, машки род
Административна единица управувана од бег.
Турски: beylik Албански: bejleri, njësi administrative e begut
Посед на бег добиен од султанот.
Турски: beylik Албански: bejleri
Бесплатна работа на рајата на имотот на бегот.
Турски: beylik Албански: punë pa pagesë në pronën e begut
Данок на добиток во Турското Царство.
Албански: tatim për kafshë në Perandorin Turke

бегликчија повеќе

мн. бегликчии
Вид збор: Именка, машки род
Собирач на данок во натура во Турското Царство.
Англиски: tax collector Турски: beylikçi

бегов повеќе

беговиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на бег.
Примери:
Бегова стока.

беговски повеќе

беговскиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на бег.
Примери:
Се шеташе низ беговскиот сарај.
Што се однесува на бег.
Примери:
Потекнуваше од некој стар, беговски сој.

бегува повеќе

бегуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши беговска власт.
Албански: sundim si beg

безистен повеќе

мн. безистени
Вид збор: Именка, машки род
Пазар под покрив, покриена чаршија.
Турски: bedesten
Примери:
Трговците од безистенот биле многу богати.

беј повеќе

Види и: бег (м.)
мн. бејови
Вид збор: Именка, машки род
Со имиња: Арслан беј, Мурат беј и сл.
Турски: bey

белогардеец повеќе

мн. белогардејци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на царската војска за време на Октомвриската револуција во Русија или на "белата гарда" во Словенија во Втората светска војна.

берат повеќе

мн. берати
Вид збор: Именка, машки род
Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност.
Англиски: edict Турски: berat Албански: urdhër, dekret
Примери:
Кадијата им нареди на сејмените да ги одврзат селаните за да собираат пари, зашто старите берати не важеа веќе.
Писмена потврда за дипломатски престој во странство.
Англиски: agreement Албански: pajtim, agreman
Примери:
Новиот везир не му даде берат и не му дозволи престој.

бимбаша повеќе

Види и: бимбашија (м.)
мн. бимбаши
Вид збор: Именка, машки род
бимбашија

бимбашија повеќе

мн. бимбашии
Вид збор: Именка, машки род
Турски офицер, командант на 1000 војници во османлиската војска.
Англиски: major Турски: binbaşı
Примери:
Бимбашијата и кајмакамот го коментираа случајот со конзулот.

битник повеќе

мн. битници
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на генерацијата на млади од средината на дваесеттиот век што ги отфрлувала традиционалните општествени норми.
Англиски: beatnik

благороден повеќе

благородни
Вид збор: Придавка
Што е од висок род.
Англиски: noble Албански: fisnik
Примери:
Претставник на една благородна лоза.

благородник повеќе

мн. благородници
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на висок, аристократски род.
Англиски: nobleman
Примери:
благородник по крв и по род

боздоган повеќе

мн. боздогани
Вид збор: Именка, машки род
Средновековно ладно оружје, железна топка со боцки и со куса рачка погодна за фрлање и удирање на противникот.
Англиски: spaked mace Турски: bozdoğan
Примери:
На самарот од шарениот коњ стоеше голем и тежок боздоган.

болјар повеќе

мн. болјари
Вид збор: Именка, машки род
Феудален земјопоседник, припадник на повисокиот слој на феудалната класа во Русија и во некои други земји; големец, великан.
Англиски: boyar, squire
Примери:
Некој угледен влашки болјар ги поканил на гости.

болшевизам повеќе

(едн.) болшевизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичко движење во руската социјалдемократија од крајот на 19 и почетокот на 20 век, и воопшто, обележје на комунистичка партија и именување за целокупната стратегија и тактика на класната борба.
Англиски: Bolshevism

болшевик повеќе

мн. болшевици
Вид збор: Именка, машки род
Припадник, приврзаник на болшевизмот.
Англиски: Bolshevist
Примери:
За време на Граѓанската војна болшевиците пристигнале во најблиското гратче до манастирот.

болшевички повеќе

болшевичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на болшевик и болшевизам.
Англиски: bolshevistic
Примери:
болшевичка партија

бригадир повеќе

мн. бригадири
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на работна единица, бригада во производството, во градежништвото и сл.
Англиски: brigadier Албански: brigadier
Примери:
Бригадирот ги распредели задачите за денес.
Член на младинска работна бригада.
Англиски: brigadier Албански: brigadier
Примери:
Бригадирите заминаа на заслужен одмор.

бригадирка повеќе

Види и: бригадир (м.)
мн. бригадирки
Вид збор: Именка, женски род
Лице од женски пол член на бригада.
Албански: brigadiere
Примери:
Бригадирките пееја една песна одејќи на работа.
Облека што ја носат бригадирите.
Албански: brigadiere
Примери:
Бригадирката убаво и стоеше.

букагии повеќе

Вид збор: Именка, множина
Метални алки со кои ги оковувале затворениците, пранги.
Англиски: handcuffs Турски: bukağı
Примери:
Чифт букагии на нозе / и дробен синџир на раце.

була повеќе

мн. були
Вид збор: Именка, женски род
Двостран метален печат на документите, повелбите на владарите и црковните поглавари.
Англиски: bull Албански: bull, dekret i kishës katolike
Самиот документ, повелба на владарите и црковните поглавари.
Англиски: bull Албански: bull, dekret
Примери:
папска була
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш