bathroom - онтологија

амамлак повеќе

мн. амамлаци
Вид збор: Именка, женски род
Дел од муслиманската куќа каде што се наоѓа амамот.
Турски: hamamlık
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба
Примери:
Долните простории биле поделени на кујна и амамлак.

бања повеќе

мн. бањи
Вид збор: Именка, женски род
Капалиште, просторија за капење во куќа или во стан.
Албански: banjë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Куќата имаше бања и убав француски кревет.

купатило повеќе

мн. купатила
Вид збор: Именка, среден род
Место за туширање и капење.
Српски: купатило
Употреба: Архитектура и градба , Дијалектен збор
Примери:
Докторот починал од струен удар во купатилото од болницата.