beam - онтологија

греда повеќе

мн. греди
Вид збор: Именка, женски род
Долго, дебело и право дрво што се користи за градба.
Албански: tra, direk
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Вертикалните рамки на отворот од вратата биле составени од ќошиња до кои се допирале дабови греди.
Спортска направа за вежбање гимнастика, направена од долго, дебело и право дрво со ногалки.
Албански: vegël, gjimnastikore, tra
Употреба: Спорт
Примери:
Учениците кога скокаат од гредата, треба да скокаат лесно, напрсти.

зазрачи повеќе

зазрачат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зрачи нешто.
Примери:
Неговите очи зазрачија радост.

здрач повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
зрак, светлина
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Темната ноќ се претвораше во модар здрач.

зрак повеќе

мн. зраци
Вид збор: Именка, машки род
Насочен проток на определени честички или на енергија.
Албански: rreze
Употреба: Физика
Примери:
вселенски зраци
Прави линии што поаѓаат од една точка во разни насоки.
Албански: rreze

зрачи повеќе

зрачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе.
Албански: lëshon reze
Примери:
Месечината зрачеше во ноќта.
Ослободува од себе нешто.
Албански: lirohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од лицето и зрачеше радост.

лач повеќе

мн. лачи
Вид збор: Именка, машки род
зрак
Употреба: Поетски збор
Примери:
сончеви лачи

табан повеќе

табанот
Вид збор: Именка, машки род
Дебела, голема греда.
Албански: tra, traversë
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба

трегер повеќе

мн. трегери
Вид збор: Именка, машки род
главна греда, носач, потпор
Германски: Träger
Употреба: Архитектура и градба