а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

линија

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 581
1. Реална или замислена црта, која поминува, соединува две точки или е граница од пресекот на две површини.
Англиски: line Албански: vijë
Употреба: Математика
Примери:
права линија
нагорна и надолна линија
линија на хоризонтот
2. Црта повлечена на некаква површина.
Англиски: line Албански: vijë
Примери:
Повлечи тука една линија.
Линиите на дланката се црти на твојот животен пат.
3. Одреден пат по кој се движат возила, сообраќајна врска.
Англиски: line Албански: linjë
Употреба: Транспорт
Примери:
автобуска линија
воздушна линија
4. телефонски вод
Англиски: line Албански: linjë
Употреба: Технологија
Примери:
телефонска линија
5. Црта што определува пространство, височина.
Англиски: line Албански: linjë
Примери:
гранична линија
највисока линија
одбранбена линија
6. Последователен ред од предци или потомци.
Англиски: line Албански: prejardhje
Примери:
Роднини по машка и по женска линија.
7. Стројност, виткост на телото.
Англиски: shape Албански: vijë
Примери:
На диета е, си ја чува линијата.
Таа си ја задржала линијата од младост.
8. Правец, насока, начин на дејcтвување.
Англиски: direction Албански: drejtim
Употреба: Преносно значење
Примери:
линија на помал отпор
Скршна од линијата.
партиска линија