behind - онтологија

зад повеќе

Вид збор: Предлог
Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто.
Примери:
Зад ридот се крева густ чад.
За искажување поддршка, поткрепа на некого или на нешто.
Примери:
Се однесува така затоа што знае дека зад него е управниот одбор.
За искажување прикриени, привидни признаци, маскираност.
Примери:
Никој не можеше да насети дека зад милата насмевка на Јана се крие голема болка.

назад повеќе

Вид збор: Прилог
(поназад, најназад) Зад, по нешто, некого.
Примери:
Сите го изминаа и го оставија далеку назад.

одзади повеќе

Вид збор: Прилог
На задната страна.
Примери:
Таа влезе во автомобилот и седна одзади.

одназад повеќе

Вид збор: Прилог
Од задната страна; од грбот; од крајот.
Примери:
Влегол во дворот одназад.

по повеќе

Вид збор: Предлог
Насоченост на дејството.
Примери:
Кучињата лаеја по нив.
Редослед по место.
Примери:
(нар.поез.) Прв беше Плетикоса Павле, / а по него Груица детенце ,/ а по него Секула лудечок, / а по него Ѓуро пијаница.

позади повеќе

Вид збор: Прилог
одзади
Српски: позади
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Позади нив е кумата.

сапи повеќе

Вид збор: Именка, множина
Задниот дел од телото на некои животни.
Примери:
Коњ со широки сапи.