назад
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 432
	    
	
    
    
      
          1.
          Во спротивна насока од гледањето, од движењето, кон појдовното место.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    backwards
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Луѓето се враќаа назад како изгубени.
	              
	            
	          
	            
	              Се сврте назад. 
	              
	            
	          
	            
	              Погледна назад. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  напред (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          (поназад, најназад) Зад, по нешто, некого.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    behind
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Сите го изминаа и го оставија далеку назад. 
	              
	            
	          
	            
	              Седна назад, на последниот ред. 
	              
	            
	          
	            
	              Знаев дека е назад некаде.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Во претходна состојба, како што било.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    back
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Си го доби назад сиот имот. 
	              
	            
	          
	            
	              Врати назад долг.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Земи си го зборот назад - повлечи го кажаното.
          
      
        
          
            Мисли му за назад - мисли, води сметка однапред.
          
      
        
          
            Назад е зимата - допрва ќе биде што ќе биде.
          
      
        
          
            Назад е од веков - заостанува, назаден е, заостанат.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        