capacity - онтологија

енергија повеќе

(едн.) енергијата
Вид збор: Именка, женски род
Работоспособност, животна активност на човекот.
Албански: kapacitet

капацитет повеќе

мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
Способност да се прими или да се задржи, да се чува одредена количина нешто.
Албански: kapacitet
Способност нешто да се направи, да се оствари; сила, моќ, јачина (на поединец, на институција, фабрика).
Албански: kapacitet, fuqi
Употреба: Физика
Примери:
Машинското одделение работи со полн капацитет.
Способност на некое тело во себе да собира, да прима електрицитет, топлина, влага и сл.
Албански: kapacitet
Употреба: Физика
Примери:
Топлотниот капацитет е определен со производот помеѓу тежината на почвата и специфичната топлина.
Објекти за производство (погони, фабрики, комбинати).
Албански: kapacitet
Употреба: Економија
Примери:
важен индустриски капацитет

можност повеќе

мн. можности
Вид збор: Именка, женски род
Сила, моќ, материјално богатство.
Албански: forcë
Примери:
Имаше можност и да ги испрати децата на студии во странство.