мн. замоци
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен феудален дворец со тврдини.
Примери:
кралски замок
мн. калиња
Вид збор: Именка, среден род
тврдина, град
Турски:
kale
Албански:
kala
Примери:
Се печеа на жешкото сонце наредени крај ѕидот од високото кале.
мн. кастели
Вид збор: Именка, машки род
замок, тврдина
Примери:
Двата кастели на Марков Град и на манастирот Св. Никола Шишевски, го заштитувале теснецот Матка.
(се) рокираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Во шахот - направи, прави рокада.
Германски:
rochieren
Албански:
bëj rokadë
Употреба:
Спорт
Примери:
Веднаш штом рокира, тргна во напад.