Историја - категорија

забит повеќе

мн. забити
Вид збор: Именка, машки род
Турски воен старешина.
Англиски: officer Турски: zabit
Примери:
Напред јаваа двајца бегови и еден забит.

задруга повеќе

мн. задруга
Вид збор: Именка, женски род
Семејна заедница, фамилија со поголем број членови, поврзани со блиска крвна сродство, кон водат заедничко домаќинство и имаат заеднички имот.
Англиски: extended family Албански: bashkësi
Примери:
Во минатото, луѓето живееле во големи задруги.

задужбина повеќе

мн. задужбини
Вид збор: Именка, женски род
Градба (обично црква, манастир) подигната за душа и во спомен на основачот.
Англиски: foundation Албански: vendtrashëgimi
Примери:
Ги обиколи сите свете места и задужбини.

закрепостен повеќе

закрепостениот
Вид збор: Придавка
Што е зависен, потчинет.
Англиски: adscript
Примери:
закрепостени селани

закрепости повеќе

закрепостат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого крепосник, кмет.
Албански: bujkrob
Примери:
Го закрепостија најстариот човек во селото.
Направи некого крепостен.
Англиски: enslave Албански: skllavërojë
Примери:
Сите бегови закрепостија по една околија.

замок повеќе

мн. замоци
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен феудален дворец со тврдини.
Англиски: castle Албански: kështjell, kala
Примери:
кралски замок

заптија повеќе

мн. заптии
Вид збор: Именка, машки род
Турски стражар.
Турски: zaptiye
Примери:
Вооружени заптии.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш