мн. категории
Вид збор: Именка, женски род
Поим во кој се одразуваат најопштите и најсуштествените својства и односи меѓу предметите и појавите во реалниот свет.
Албански:
kategori
Културата е категорија поширока и од самото општество.
Слично со:
поим (м.)
Група еднородни или слични предмети, појави, лица итн.
Албански:
kategori
Секоја сорта или категорија гости си има и свој начин за веселба.