а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

класа

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3405
1. Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и иcти економски интереси.
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Економија
Примери:
општествена класа
работничка класа
феудална класа
граѓанска клаcа
владејачка класа
Градот е убав за богатите, а прифатлив за средната класа.
2. Поими, предмети, појави коишто според својата структура или по некоја своја особина претставуваат посебен вид, посебна група.
Англиски: class Албански: klasë
Примери:
Семантичкиот критериум е важен само за поделбата на две класи именки обележани како „живо“ и „не-живо“.
3. Единица во класификација на растенија и животни (потесна од коло или тип, а поширока од ред).
Англиски: class Албански: klasë
Примери:
Класата инсекти се дели на редови.
4. Одреден степен на вредност.
Англиски: category Албански: kategori, klasë
Примери:
Тие произведуваат тутун од прва класа.
5. Степен на напредување во службата.
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Административен термин
Примери:
Најмногу новини, сепак доживуваат оние чиновници од најдолните класи.
6. Како дел од називи за одделни чинови во војска за определување на старешинскиот степен.
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Воен термин
Примери:
На железничката станица тие го испраќаа капетанот од прва класа.
7. Поделба на местата за патници во некои превозни средства, во зависност од удобноста, комфорноста што ја нудат.
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Транспорт
Примери:
Тој секогаш патува со прва класа.
туристичка класа
8. Група ученици или студенти, што се школуваат кај еден предавач, професор по уметност (глума, музика, сликарство).
Англиски: class Албански: klasë
Употреба: Образование
Примери:
Тој се школуваше во класата на најстариот професор.
9. Генерација на ученици од исто училиште; група воени обврзници што служат војска во ист период.
Англиски: year Албански: klasë, gjeneratë
Употреба: Образование
Примери:
Оваа година излезе првата класа на воени питомци.
Тој замина во војска со јануарската класа.