бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
гони, тера
Примери:
Ловците и кучињата го бркаа волкот.
(се брка) Се гони со некого.
Примери:
Децата се бркаа по улицата.
бркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгони, истера малку, еднаш.
(се) вдадат
Вид збор: Глагол, свршен
Се загне, се стрчне по некого.
Примери:
Тој се вдаде по крадецот но не успеа да го стигне.
гонат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брка некого, трча по некого со цел да го фати.
Примери:
А ти не мораш да возиш како некој да те гони.
(се гони) се бркаат
Примери:
Гладни волци се гонат.
добркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со бркање дотера (добиток и др.) до определено место.
Примери:
Го добрка добитокот во шталата.
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне некого.
Примери:
Го догони крадецот на крајот од уличката.
забркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да брка.
Примери:
Виде една мачка и ја забрка.
(се забрка) Почне да се брка.
Примери:
Децата се забркаа низ полето.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гони.
Примери:
Тој срипа и го загони детето.
запашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се запашка) Почне да се гони, да се брка со некого.
Примери:
Децата се запашкаа по ледината.
збркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне одеднаш да брка, да гони некого.
Примери:
Домаќинот се појави пред куќата и ги збрка децата.
(се збрка) Одеднаш почне да се брка со некого.
Примери:
Се чу силно тупотење, се збркаа деца во влезот од зградата.
згонат
Вид збор: Глагол, свршен
Потера стока, дивеч кон едно место.
Примери:
Ги згонија овците кон бачилата.
Вид збор: Глагол, свршен
изгони
Примери:
Келнерот го избрка пијаницата од ресторанот.
испобркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Избрка повеќемина.
Примери:
Дождот ги испобрка летувалците од плажата.
ловат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимателно следи нешто, настојува да фати, дофати, да добие нешто, да придобие.
Примери:
Го лови секој негов поглед.
падат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера, истерува, изгонува, гони (некого да бега, да се изгуби, да исчезне од тоа место).
Примери:
Зарем син ти го падиш од дома?
побркаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се побрка) Се гони, се брка со некого кратко време.
погнат
Вид збор: Глагол, свршен
Спобрка некого, нешто.
Примери:
Ја погнале да ја фатат.
(се погне) Се спобрка еден со друг.
Вид збор: Глагол, свршен
Гони некого малку, кратко време.
Примери:
Го погони малку и се откажа.
(се погони) Се гони со некого, заемно кратко време.
Примери:
Кокошките малку се погонија и влегоа во кокошарникот.
подбркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Потрча по некого бркајќи го донекаде.
Примери:
Го подбрка со сукалото низ дворот.
подбркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се стрчне по некого бркајќи го донекаде.
Примери:
Ги подбркна децата и тие се разбегаа како пилци.
подгонат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гони некого или нешто, засилено од повеќе страни.
Примери:
Пците го подгонија зајакот.
(се подгони) Се гони меѓу себе, заемно.
Вид збор: Глагол, свршен
Лови малку или уште малку.
Вид збор: Глагол, свршен
Гони, прогонува некого кратко време.
Вид збор: Глагол, свршен
Разбрка, растера многумина, сите.
Примери:
Дождот ги поразбрка децата од улицата.
потераат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потера) Почнат да се гонат еден со друг, заемно.
Примери:
Гладни волци се потераа.
преследуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
гони, прогонува
Примери:
Ловците го преследуваа пленот.
пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пушти) Се стрчне по некого, за да нападне, да фати, да задржи и сл.
Примери:
Се пушти по него и го фати за кусо време.
разбркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгони на разни страни, растера.
Албански:
përzen, shpërndaj
Примери:
Разбркај ги децава да не ни смеќаваат.
(се разбрка) Почне да брка.
Примери:
Кога се разбрка ниедно дете не остана.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбрка, (се) растера
спотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гони некого.
Примери:
Ги спотера службениците на работа.
тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
брка, истерува, пади
Примери:
Јас одам кај него, но тој ме тера, не ме сака.
(се тера) се тера, се гони
Примери:
Што ме гонеше мисла да ѝ се јавам повторно!