circle - онтологија

венец повеќе

мн. венци
Вид збор: Именка, машки род
Што има форма на венец.
Албански: rreth
Примери:
Орото среде двор, како венец моминки, зоврива и не стивнува.

вие повеќе

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
кружи, се врти
Албански: sillet rreth
Примери:
Јастребот над пиле некое се вие.

заврти повеќе

завртат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи кружно, обиколно движење околу нешто.
Албански: qark
Примери:
Откако неколку пати ја заврте собата, застана пред нив.

закружи повеќе

Види и: кружи (несв.)
закружат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кружи.
Албански: rrethoj, rrotulloj
Примери:
Мршојадците закружија пониско над земјата.
Направи круг.
Албански: bëj qark, rreth
Примери:
Закружи со раката во воздухот.

изврти повеќе

извртат
Вид збор: Глагол, свршен
Обиколи, направи кружно движење, повеќе пати.
Албански: rrotullon
Примери:
Песот изврти околу нас неколку пати.
(се изврти) Се сврти околу нешто.
Албански: rotullon
Примери:
Сите се извртеа околу црквата двапати со иконата пред нив.

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од рамнина ограничен со кружница.
Албански: reth
Употреба: Математика
Место, пространство или предмет cо кружна форма.
Албански: qark
Примери:
Светлосниот круг се распрсна околу каменото огниште.
Луѓе или предмети кои претставуваат таков или сличен облик.
Албански: qark
Примери:
Кругот што го формираа децата почна да се стеснува.
Група луѓе здружени со некакви врски или интереси.
Албански: rreth
Употреба: Преносно значење
Примери:
семеен круг
Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина.
Албански: rreth
Употреба: Преносно значење
Примери:
книжевни кругови

кружи повеќе

кружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто.
Албански: rrethoj, rrotulloj
Примери:
Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки.
Се протега во кружна линија.
Албански: qarkon
Примери:
Патот кружи околу градот.
Оди од место на место, од рака на рака, од човек на човек.
Албански: qarkullon
Употреба: Преносно значење
Примери:
По селата кружеа агитатори на неколку партии.

кружница повеќе

мн. кружници
Вид збор: Именка, женски род
Затворена крива црта чиишто точки се подеднакво оддалечени од средината (центарот).
Употреба: Математика
Примери:
Нацртај кружница со радиус од 5 см.

кружок повеќе

мн. кружоци
Вид збор: Именка, машки род
Група луѓе поврзани меѓу себе со некаква врска (најчесто општествена).
Примери:
лингвистички кружок

обиколи повеќе

обиколат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине, направи движење околу нешто.
Албански: rrethoj, vij përqark
Примери:
Војниците го обиколија селото.
Крстоса, изоди, пропатува од едно место до друго.
Албански: rrethoj, vij rrotull
Примери:
Тој го обиколи светот.

обиколува повеќе

Види и: обиколи (св.)
обиколуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
обиколи
Албански: rrethoj, vij përqark
Се вртка околу некого или нешто.
Албански: sillem, vërtitem
Примери:
Тој постојано ја обиколува вашата ќерка.

проврти повеќе

провртат
Вид збор: Глагол, свршен
(се проврте) Се задржи, помине кратко време некаде.
Примери:
Се проврти во дворот, но не се осмели да влезе во куќата.

салон повеќе

мн. салони
Вид збор: Именка, машки род
Литературен или општествено-политички кружок за тесен круг луѓе во буржоаските земји.
Француски: salon Албански: rreth, sallon
Примери:
Литературен салон.