венец
мн. венци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4018
1.
Предмет со кружна или овална форма, исплетен од цвеќе, лисја и слично, како награда за победникот, во знак на почест, во радосни расположенија, во жалост итн.
Примери:
Сплетоа венец од полско цвеќе.
златен венец
Тие носеле венци од зелени лисје и бршлен.
2.
Различни плодови сплетени или нанижани во круг.
Примери:
Венци кромид, лук и суви пиперки.
Слично со:
низа (ж.)
3.
Што има форма на венец.
Примери:
Орото среде двор, како венец моминки, зоврива и не стивнува.
Го доближува пагурчето, му го гледа венецот околу грлото и отпива од него.
Ги опре колената од венецот на прозорецот.
4.
Срт на планина.
Примери:
Денот помина во патување низ три планински венци.
5.
венчавка
Примери:
И венец ти ставија на глава и прстен на десната рака.
Ако нејзините домашни толку многу сакале да ја стават под брачниот венец, тој немал ништо против.
6.
Ткиво, непцето околу забите.
Примери:
Ги гледал расипаните заби под модрите венци.
Изрази
Ловоров венец - венец што се дава за награда или во знак на признание, слава.
Трнов венец - мака, страдање.