circle - онтологија

венец повеќе

мн. венци
Вид збор: Именка, машки род
Што има форма на венец.
Албански: rreth
Примери:
Орото среде двор, како венец моминки, зоврива и не стивнува.

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од рамнина ограничен со кружница.
Албански: reth
Употреба: Математика
Место, пространство или предмет cо кружна форма.
Албански: qark
Примери:
Светлосниот круг се распрсна околу каменото огниште.
Луѓе или предмети кои претставуваат таков или сличен облик.
Албански: qark
Примери:
Кругот што го формираа децата почна да се стеснува.
Група луѓе здружени со некакви врски или интереси.
Албански: rreth
Употреба: Преносно значење
Примери:
семеен круг
Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина.
Албански: rreth
Употреба: Преносно значење
Примери:
книжевни кругови

кружница повеќе

мн. кружници
Вид збор: Именка, женски род
Затворена крива црта чиишто точки се подеднакво оддалечени од средината (центарот).
Употреба: Математика
Примери:
Нацртај кружница со радиус од 5 см.

кружок повеќе

мн. кружоци
Вид збор: Именка, машки род
Група луѓе поврзани меѓу себе со некаква врска (најчесто општествена).
Примери:
лингвистички кружок

салон повеќе

мн. салони
Вид збор: Именка, машки род
Литературен или општествено-политички кружок за тесен круг луѓе во буржоаските земји.
Француски: salon Албански: rreth, sallon
Примери:
Литературен салон.