clever - онтологија

акален повеќе

Вид збор: Придавка
паметен, умен
Турски: akıllı
Употреба: Архаизам
Примери:
Не се прави многу акален.

бистроумен повеќе

бистроумниот
Вид збор: Придавка
Што е со бистар ум.
Примери:
бистроумен човек

виспрен повеќе

виспрени
Вид збор: Придавка
мудар, умен, снаодлив, препреден
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
виспрен дух

далековид повеќе

далековидиот
Вид збор: Придавка
Што може да ги предвиди идните настани и последиците од нешто.
Примери:
Далековида идеја.

итар повеќе

итри
Вид збор: Придавка
Што е паметен, интелигентен, умен, но на штета на друг.
Примери:
Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш.

окат повеќе

окати
Вид збор: Придавка
Што добро ги согледува работите.
Примери:
Оката жена.

остроумен повеќе

остроумни
Вид збор: Придавка
Што пројавува остроумност, досетливост, духовитост; што размислува бистро, разумно.
Примери:
Остроумен човек.
Што се одликува со остроумност.
Примери:
Остроумен одговор.

рутиниран повеќе

рутинирани
Вид збор: Придавка
препреден, итар
Примери:
Рутиниран фудбалер.

умно повеќе

Вид збор: Прилог
паметно, разумно
Примери:
Умно постапи.