(се) вдлабочат
Вид збор: Глагол, свршен
Се задлабочи, се внесе во нешто.
Примери:
Од пазува извади некакво старо тефтерче и се вдлабочи над неговите пожолтени страници.
засилат
Вид збор: Глагол, свршен
(се засили) Се напрегне, земе залет при физичка активност.
Примери:
Тој се засили и скокна преку дупката.
збогатат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да прими во својот состав некоја материја за да биде повредно, покорисно.
Примери:
Збогати раствор.
концентрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Сосредоточи, сосредоточува, собере, собира на едно место.
Албански:
koncentroj, mbledh
Примери:
Грозјето концентрира многу шеќер.
згусне, згуснува
Албански:
dend;sohet, mpikset, trashet
Употреба:
Хемија
За руда - пречисти, пречистува, збогати, збогатува.
Албански:
pastrohet, pasurohet
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
концентрира
Примери:
Зад овој проект е сконцентирана и Европската Унија која на таков начин сака да се ослободи од зависноста која сега ја има од Русија.
соберат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосредоточи на едно место.
Примери:
Беше собрана целата интелигенција.
сосредоточат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере, концентрира на едно место, во едни раце и сл.
Примери:
Сета власт беше сосредоточена во негови раце.
(се сосредоточи) Се собере, се концентрира на едно место, во едни раце.
Примери:
На тој начин сета власт се сосредоточи во една личност.
(се сосредоточи) Се насочи исклучиво на некого, на нешто.
Примери:
По тој настан сета љубов се сосредоточи на него.