напрегне
напрегнат; напрегни, напрегнете; напрегнав, напрегнаа; напрегнал; напрегнат; напрегнев, напрегнеа; напрегнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16267
1.
Доведе во состојба на голем физички или умствен напор.
Примери:
Ги напрегна и последните сили да се извлече.
Залудно го напрегна својот слаб слух, ништо не успеа да чуе.
Со напрегнато внимание го следеше секој збор на предавачот.
2.
(се напрегне) Вложи голем физички или умствен напор.
Се напрегна сиот и одвај успеа да стане.
Се напрегна да чуе и да види.
Се напрегна да сфати што му зборуваат.
Се напрегна да се сети.
Изведенки
1.
напрегнува несв.
(се) напрегнуваат
(се) напрегнуваат
2.
напрегнување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
напрега несв.
(се) напрегаат
(се) напрегаат
4.
напрегање ср.
глаг. им.
глаг. им.