забрканиот
Вид збор: Придавка
Што е збунет, збркан.
Примери:
Нему не му требаат забркани луѓе како мене.
збрканиот
Вид збор: Придавка
Што е збунет, конфузен.
Примери:
збркана старица, збркани првачиња
збутаниот
Вид збор: Придавка
Што е несигурен, збунет.
Примери:
збутана жена, збутани соседи
конфузниот
Вид збор: Придавка
Што е збркан, нејасен, збунет.
Примери:
конфузна личност, конфузен план
обезглавениот
Вид збор: Придавка
Што е избезумен, збунет.
Примери:
Се шетам низ куќа обезглавена.
Вид збор: Придавка
Што е расеан, дезориентиран.
Примери:
Пушти го, целиот е подзагубен
сплеткани
Вид збор: Придавка
За човек - збркан, несмасен, несигурен.
Примери:
Многу сплеткано момче.
Вид збор: Придавка
Што е збунет, затутулен, несмасен.
Примери:
Петре е многу стуткан човек.
шашардисаниот
Вид збор: Придавка
збунет, избезумен, полуден, замајан
Примери:
шашардисан човек