гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зазема став за нешто.
Примери:
Тој, уметноста ја гледал од поинаков аспект.
имаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) Сака некого, почитува, го чувствува близок.
Примери:
Го има како татко.
(се има) се сакаат, се почитуваат
Примери:
Се имаме како сестри.
наумат
Вид збор: Глагол, свршен
Намисли нешто.
Албански:
konsideroj, vendos
Примери:
Онака како што cте наумиле, сметам дека не е остварливо.
погледнат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа, испита, земе под внимание.
Примери:
Ако погледнеме подобро, ќе дојдеме до подруг заклучок.
помислат
Вид збор: Глагол, свршен
Се задржи со мислите на нешто; падне на ум некаква мисла, сеќавање.
Албански:
mendoj, konsideroj
Примери:
Тој помисли да се врати назад во своето родно место.
Се погрижи за нешто.
Примери:
Треба да помислите и на учењето.
Вид збор: Глагол, свршен
Проучи нешто во помала мера, донекаде.
Примери:
Тој ги поразгледа прашањата изложени во книгата.
При донесување решение, оценка - претресе, прецени нешто до определен степен.
Примери:
Комисијата ги поразгледа приложените документи.
предумаат
Вид збор: Глагол, свршен
промисли, размисли
Примери:
Предумај, па потоа кажи ни.
(се предума) се премисли
Примери:
Ја откажав работата, се предумав.
премислат
Вид збор: Глагол, свршен
Размисли добро за нешто.
Примери:
Премисли дали да се врати дома.
Предизвика некој да смени мислење.
Албански:
rishikoj, ndroj mendimin
Примери:
Последните настани го премислија.
(се премисли) Смени мислење.
Албански:
ndrroj mendimin
Примери:
Девојчето се премисли и отрча дома.
промислат
Вид збор: Глагол, свршен
Задлабочено, опстојано размисли.
Примери:
Промисли, пред да направиш нешто.
размислат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Обмисли од разни страни.
Примери:
Откако размисли малу, се согласи.
(преод.) Обмисли од разни страни.
Примери:
Ја размислил работата.
(се) расчудат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) размисли
Примери:
Дај ми време да се расчудам за таа работа.
сметаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оценува на некој начин; има некое мислење.
Примери:
Го сметаше тоа за свој долг.
шестаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(најчесто со дума) размислува, премислува
Примери:
Думале, шестале, какво чаре да бараат.
штедат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимателен е, има обѕири спрема некого.
Албански:
konsideroj, kursej
Примери:
Тој човек треба да се штеди.